На училиште само првачињата, за другите онлајн настава

2
nastava-so-koronavirus

Освен за првачињата за кои е неопходно физичко присуство на децата, онланј настава за другите деца во поголемата школска возраст е ставот на Комисијата за заразни болести, изјави денеска Министерот за здравство Венко Филипче.

„Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“, кажа Министерот за здравство во вестите на Канал 5.

Филипче укажа за опасностите за ширење на заразата за време на транспортот кон и враќање од училиште, за време на влез во училиштето,потоа комуникацијата на децата на одморите, во заедничките простории и ходниците.

Филипче овој став денеска, го презентирал на седница на Владата и додаде дека дискусијата сè уште трае и дека очекува Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.

„Дефинитен став, имајќи ги предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена“, кажа министерот за здравство.

Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН денеска беше одложен за утре, а протоколите за начинот на реализација и моделите на настава беше најавено да бидат соопштени на 10 август.

Венко Филипче соопшти дека за утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за труд и социјална политика на кој ќе ги разгледуваат протоколите за работа на градинките.

Можеби ќе ве интересира: