сабота, 26 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Државата проверува дали велешките куќи кои се урнаа се заштитени со закон

Kukata na Tapanarovi

Државата проверува дали се заштитени како споменици на културата куќите во Велес, кои од минатонеделните дождови почнаа сами да се уриваат. Се чека тим од Националниот конзерваторски центар да направи проверка во регистерот, но и увид на местото, за да ги утврди штетите на куќите. Директорот на Управата за заштита на културносто наследство, Ацо Костов за Телевизија 24 вели дека ќе се прават напори овие куќи да се сочуваат како целина.

„Најмалку за еден од објектите се сомневаме дека не е заштитен, меѓутоа, кога се работи за низа, интересни се објектите да се зачуваат како целина. Проверката ќе треба да ја направи Националниот конзерваторски центар, кој треба да испрати своја екипа на местото на настанот и да утврдат каква штета и во колкав обем е направена. Претпоставувам дека штетата е ненадоместлива, бидејќи ова се кревки објекти, за кои долги години не се преземало ништо за нивно залувување“, рече Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културносто наследство.

Сепак, куќата на Настеви, која вчераутро почна сама да се урива нема статус на културно наследство, па нејзините сопственици најавија дека деновиве ќе ја уриваат. И оваа, како и останатите куќи во оваа улица изобилува со автентична архитектура, која со уривањето неповратно ќе се изгуби. Костов вели дека ова е последица на децениската негрижа на државата за културното наследство. Но, и покрај тоа што поминаа осум месеци од пожарот во кој целосно изгоре една од најубавите велешки архитектури, куќата на Паунови кај Варналиите, Костов не знае до каде е нејзината реставрација.

„Ние дадовме налог да се направи проект за реконструкција за двата објекти во Варналиите, а во догледно време и за соседните два, за да се зачува целиот комплекс. Не знам до каде се работите, немам податоци, заради кризата со Ковид-19 веројатно е забавена целата динамика на работење. Меѓутоа, ние сме упорни и работиме на тоа да се заштити градот Велес и објектите кои ги има, чија профана архитектура навистина е за почит“, рече директорот Костов.

Откако Велес лани во пожар изгуби дел од Варналиите, сега невремето почна да ги уништува и куќите од спротивната страна, во старото градско јадро, во близина на едно од најстарите училишта во земјава Свети Кирил и Методиј, во улицата во која се наоѓа и родната куќа на револуционерот Панко Брашнаров.

Државата проверува дали се заштитени како споменици на културата куќите во Велес

Државата проверува дали се заштитени како споменици на културата куќите во Велес, кои од минатонеделните дождови почнаа сами да се уриваат.

Публикувахте от Телевизија 24 в Вторник, 11 август 2020 г.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки