Четири дена по поплавата, почина 84-годишната Душанка од Велес, нејзиниот син моли за помош

2
117737774_10217629470953396_8398535517353596334_n

Почина 84-годишната Душанка од велешката населба Превалец, која едвај се спаси од минатонеделните полави, кои го зафатија Велес и велешко. Таа не успеа да го преживее хоророт, кој го помина заедно со нејзиниот 54-годишен син Зоранчо.

Веста за смртта ја објави нејзината внука Душица Саздова, која вели дека поради катастрофата која им ја нанела поплавата, помош му е потребна на нејзиниот татко.

„Баба ми Душанка за жал почина, не можеше да ги издржи стресовите и потешкотиите кој ги претрпе со поплавата. Доколку некој сака и може да му помогне на татко ми да се справи со целава кобна и стресна ситуација ќе ви бидеме благодарни“, апелира Саздова.

Во невремето настрадаа нивните сандаци со пчели, домашни животни, градина со плодови, со кои едвај се прехрануваат, постелнини, гардероба. Немаат никакви услови за живот.

Ова семејство живееше од две минимални пензии, но пари не им стигнуваа. По новонастанатата ситуација, синот на Душанка, Зоранчо е немоќен сам да се справи во овие тешки моменти, па за тоа очајно бараа помош од сите хумани луѓе.

Сметка за донација 270-7000603571.32 HALKBANK, Зоранчо Иванов

Контакт телефон: 075664429

Можеби ќе ве интересира: