четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Уште денеска сончево и топло, од утре дожд, невреме и пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала, до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 36 степени, а вредноста на УВ зрачењето ќе изнесува 8.

Утре се очекува претпладне сончево, со мала, до умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 10 литри за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи помеѓу 22 и 33 степени.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки