недела, 20 септември, 2020
Реклама

Тепачка во центарот на Велес

tepacka2

23-годишен жител на село Горно Оризари вчеравечер бил натепан од две лица во центарот на Велес. Според СВР Велес, инцидентот се случил синоќа, кога 26-годишен жител на село Бузалково заедно со уште едно лице, физички го нападнале 23-годишното момче.

„На 13.08.2020 во 22.45 часот во СВР Велес, М.А.(23) од с.Горно Оризари, велешко, пријавил дека на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес бил физички нападнат од Н.К.(26) oд с.Бузалково, велешко, и уште едно лице“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки