недела, 20 септември, 2020
Реклама

Над 4.000 граѓани побарале психолошка поддршка за време на пандемијата со коронавирусот

problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-mazhite-kafepauza.mk_

ЈЗУ Клиниката за психијатрија ја известува јавноста дека се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со ковид 19, започнувајќи од март месец 2020 година.

Линијата која беше отворена за психолошка поддршка која беше отворена на 15 март 2020 годинава за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден од 8 до 20 часот, има реализирано повеќе од 2.200 разговори.

Во текот на месец март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија Скопје, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ.

Психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и Психолошка поддршка на адолесценти, на кои вкупно се реализирани повеќе од 500 разговори.

На телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори.

На целните линии кои беа отворени за поддршка на лица од различни категории вклучително и психолошка поддршка на албански јазик, како и поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини реализирани се 1000 разговори.

Во моментов активни линии за граѓани од различни категории се следните: за Психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009, Психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979, Психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и Психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657.

Moжеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки