недела, 20 септември, 2020
Реклама

Уапсен малолетникот кој палелеше шума и се пофали на социјалните мрежи

poz

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-малолетник од скопското село Мојанци,поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 4 август на социјалната мрежа „Тик-Ток“ малолетникот објавил фотографии и видео како лично предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи, по што Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презеде мерки и активности и на 5 август до СВР Скопје-Единицата за насилен криминал доставена е документација со повеќе снимени видео клипови на кои се гледа дел од фигура на лице како врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на јавна површина – планина, како и фотографии од лице со профил на социјална мрежа „Тик-Ток“, под псевдоним Д.К..

Од страна на полицијата беа преземени соодветни мерки, при што било утврдено дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина има 17 години, а местото каде што го извршува кривичното дело се падините на блиската шума над с.Мојанци.

По утврдување на идентитетот, на 13.08.2020 малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде што во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција, го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над с.Мојанци.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки