недела, 20 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Горазд Михајлов: Од првата минута агресивно против Ренова

Gorazd Mihajlov 15.08.

На само ден пред натпреварот од второто коло од ПМФЛ против Ренова, тренерот на велешки Борец Горазд Михајлов полека го составува мозаикот на својот тим. Без најмала доза на потценување, но и на преценување на противникот, Михајлов ги подготвува своите играчи за неделниот дуел, во кој евентуалната победа над Ренова и пораз на Македонија Ѓ.П. на гостувањето кај Шкупи, ќе го донесе Борец осамен на прволигашката табела.

Според Михајлов, Ренова е цврста екипа, која подолго време игра заедно и во текот на натпреварот не ја менува својата игра, без разлика на резултатот или на теренот на кој се игра. Затоа, стратегот на Борец смета дека неговиот тим мора од првата минута да ја нападне Ренова, слично како притисокот против Вардар минатата недела.

Михајлов, меѓу другото, жали што сезонава се игра без публика, бидејќи, како што вели, Велес заслужува да гледа квалитетен фудбал, а колку велешани го сакаат својот клуб, покажува статистиката од минатата сезона, во која Борец е најпосетуваниот клуб на домашен терен.

Погледнете го целото интеревју со тренерот на Борец, Горазд Михајлов:

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки