(ГАЛЕРИЈА) Маркетите во Велес преполни, не допираат апелите до граѓаните

2

Велешани и денеска неконтролираното купувааат намирници. Маркетите се преполни со купувачи. Редици има на влезовите од маркетите, а во некои од нив се чека десетици минути за влез. Граѓаните не ги почитуваат апелите, кои вчера ги упати управата на КАМ Маркетите, преку кои ги молат купувачите за совесност и солидарност при купувањето.

КАМ Маркет во Нова населба, кај пазарчето, фотографиран утрово (15.03.2020) во 10:37 часот
Маркет КИТ ГО

Граѓаните почнаа со неконтролирано купување намирници, откако бројот на заболени од коронавирусот во Македонија порасна. Владиниот кризен штаб, кој беше формиран вчера, донесе нови мерки, меѓу кои и оние дека целосно се забранува работата на ресторанскиот дел на угостителските објеки, обложувалниците и коцкарниците и трговските центри, а дозволено е да работат само маркетите кои продаваат храна и аптеките.

Маркет КИТ ГО
Маркет КИТ ГО
Маркет КИТ ГО