ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА БАРА ИЗБОРИТЕ ДА СЕ ОДЛОЖАТ

2

Државната изборна комисија (ДИК) бара од политичките партии во земјава да ја преиспитаат одлуката за одржување на предверемните парламентарни избори, коишто треба да се одржат на 12 април.

Од ДИК велат дека партиите треба да се договорат изборите да се одложат, поради растечкиот број од новозаразени со коронавирусот и опасноста заразата да се шири.

Претходно, партиите се договорија изборите да се одржат, но кампањата да се стави во мирување до 22 март, поради спречување на ширењето на вирусот, со што ќе се почитуваат мерките кои ги донесе Владата.