НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ, СЕ ТЕСТИРААТ СЕДУММИНА

2

Нема нови заразени граѓани од коронавирус, но во моментов се тестираат седуммина жители на Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, објави на прес конференцијата министерто за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека во државата има 120 респираторни машини, од кои 90 се во Скопје. Владиниот кризен штаб донесе одлука Детската болница во Козле да се подготви да прими деца заболени од КОВИД-19

Во моментов, најголемото жариште во земјава се општините Дебар и Центар Жупа, каде што се прави дезинфекција на сите возила кои влегуваат и излчегуваат од овие општини.

Во договор со мобилните оператори, граѓаните преку СМС пораки ќе се извесуваат за сите нови случувања околу вирусот, рече министерто Филипче.