вторник, 22 септември, 2020
Реклама

ПРВ ФУДБАЛЕР ЗАРАЗЕН СО КОРАНВИРУС ВО ШПАНСКА ЛА ЛИГА

Езекиел Гарај е првиот фудбалер од Шпанската Ла Лига кој e позитивен на коронавирус.

Дефанзивецот на Валенсија откри дека е заразен со коронавирус само неколку дена откако неговиот клуб играше против Аталанта (3:4) во Лигата на шампионите. Гарај се наоѓа во изолација.

„Годината започна лошо … Се чувствувам добро, за сега ќе бидам изолиран и ќе ги слушам упатствата на лекарот“, рече Гарај (33), , кој пред 10 години го носеше дресот на Реал Мадрид.
Тестирани се и други играчи и тренери на Валенсија,а клубот објави дека има вкупно пет заразени во клубот, но не ги објавил нивните имиња.

Постојат повеќе од шест илјади луѓе заразени во Шпанија, а досега починале 196 од коронавирусот.

Mon Жан - Играчки