Aли Ахмети денеска ќе сведочи во Хаг како основач на ОВК

13
ali-ahmeti

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ќе се јави во Специјалниот суд во Хаг и ќе сведочи како еден од основачите на ОВК. Се очекува неговиот престој во меѓународниот трибунал да трае два дена. Од неговата политичка партија тврдат дека тој е повикан како сведок. Хашкиот трибунал подоцна може да утврди каков статус ќе му биде определен.

Пред месец и половина претседателот на Косово, Хашим Тачи, беше повикан во Судот во Хаг, кој три дена даваше изјави за неговата улога во војната на Косово, но засега нема информации дали поканата за Ахмети има врска со случајот.

Специјалното обвинителство објави дека станува збор за обвинение од десет точки, во кое Хашим Тачи, Кадри Веjсели и други се обвинети за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, присилно грабнување, прогонства и тортура.

Можеби ќе ве интересира: