КИНА ЌЕ ДОНИРА 200 РЕСПИРАТОРИ

3

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека е можно Кина да и донира на Македонија 200 респираторни апарати за опремување на болниците, во кои ќе бидат згрижени заболените од коронавирусот.

Filipce UB

„Амбасадорот на Кина понуди помош од нивни експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози. Може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, рече министерот Филипче во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој вчера изјави дека во државата има 120 респираторни машини, од кои 90 се во Скопје.