Пациенти со симптоми на корона вирусот не се појавуваат на закажаните тестирања

Батали Blog

Пациенти со симптоми на корона вирусот не се појавуваат на закажаните тестирања

testiranje-2

Имаат симптоми, но ниту ги кажуваат контактите, ниту се појавуваат на закажаните термини за тестирање за корона вирус. Здравствените власти во Делчево велат дека тврдоглавоста на поединци може скапо да ја платат жителите на целиот Пијанец.

Оние што развиле симптоми болеста ја оправдуваат со променливото време и ладните пијалоци. Кога веќе ќе се јават на лекар поради компликации завршуваат во болница. Лекарите пак најавуваат дека ваквите случаи ќе ги пријавуваат во обвинителството и очекуваат казни бидејќи последниов месец бројката на новозаразени во овој регион од државата вртоглаво расте.

„Првиот случај ни беше возрасна жена, која што беше над 65 години, меѓуто подоцна се покажаа многу случаи на млади луѓе. Наша претпоставка е дека младите доста се опуштија со кафулињата, ја однесоа дома болеста, така да сега имаме заболени од сите возрасти“, изјави Марија Глигорова директор на Здравствен дом Делчево.

Поради растот на нови случаи пијанечко-малешевскиот крај е новото жариште на корона вирусот во државата. Во Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица бројката на новозаразени расте постојано. Граѓаните велат дека вирусот им го „увезле“ иселениците кои дошле во овој крај од почетокот на Август, но признаваат дека не секогаш носат заштитни маски и ги почитуваат протоколите.

Можеби ќе ве интересира:

By signing in, you agree to our terms and conditions and our privacy policy.

New membership are not allowed.

Noxe Studio

The Noxe Film Studio
1418 Noxe Street, Suite 3845
California, USA

Center Office

+(01) 426-9824
hello@gloriathemes.com
12369, New York, USA