КОРОНАВИРУС И КАЈ ТЕНИСЕРИТЕ

1

Австралискиот тенисер со хрватски корени Бернард Томиќ се сомнева дека има коронавирус и се повлече во самоизолација.

“Почнувајќи од минатиот вторник, не се чувствувам добро. Јас во моментов сум во Мајами, изолиран од сите, како што ми беше советувано. Сè уште не сум се тестирал, но ги имам сите симптоми. Мислам дека го добив во Мексико. Луѓето треба да го сфатат ова исклучително сериозно, особено во мојата Австралија. Не знам колку време ќе бидам во изолација“. рече Томиќ

Покрај Томиќ, и тенисерката Јарослава Шведова е во изолација бидејќи еден од патниците во авионот кога патувала кон Казахстан бил позитивен на Ковид-19.