Самуел Жбогар: Најголемо разочарување во овие четири години ми беше Катица Јанева

12
Самуел Жбогар

Евроамбасадорот Жбогар пред завршување на неговата мисија во земјава, во интервју за „360 Степени“ даде оценка за изминатите 4 години во кои беше амбасадор во С. Македонија и најохрабрувачките и најразочарувачките работи на кои сведочел.

„За среќа, има повеќе охрабрувачки отколку работи што разочараа. Најразочарувачкото се однесува на владеењето на правото, поточно на специјалната обвинителка Јанева и нејзината вмешаност во случајот „Рекет“. Мислам дека ова беше за нас, за мене лично, најголемо разочарување, своевиден шок и заедно со многу граѓани се почувствував предаден од личноста на која и дадовме доверба. Но, владеењето на правото не е само за… Разочараноста во делот на владеењето на правото не се однесува само на разочарувањето од специјалната обвинителка. Разочарувањето оди понатаму – како граѓаните овде го перцепираат владеењето на правото. Владеењето на правото не се само судовите, владеење на правото е да не пушите во ресторани ако тоа не е дозволено, владеење на право е да не паркирате на улица каде сакате… Тоа е разочарувачки за мене, кога ќе видам автомобили паркирани на велосипедски патеки, тоа е владеење на право и затоа би рекол дека тоа е најголемото разочарување. Разбирањето за тоа што е владеење на право, менталитетот… Најохрабрувачката, најпозитивната работа се однесува на младите во вашата земја. Се сретнав, поточно зборував со неколку млади луѓе и енергијата, активизмот, општествената одговорност, нивната реална перцепција на проблемите, нивната вклученост, сево тоа беше еден вид просветлување за мене. Затоа бев многу среќен кога видов како средношколците и нивните организации демонстрираат зашто сакаат да се вратат во училиштата. Не велам дали се во право или не, но бев среќен што видов дека се мобилизирани, дека постои активизам и дека сакаат да го кренат гласот за општеството да ги слушне. Мислам дека ова е многу охрабрувачки и здраво за општеството, кога имате такви млади луѓе“, вели Жбогар.

Извор: 360 stepeni

Moжеби ќе ве интересира: