СЕ ПОИЗВЕСНО Е ДЕКА ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ ОДЛОЖАТ

2

Лидерите на двете најдолеми политички партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска побараа лидерска средба, на која ќе разговараат за одложување на изборите.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека состојбата со коронавирусот не дозволува нормално одржување на изборите.

🔴 Во живо: Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев поврзана со новите случување со корона вирусот

🔴 Во живо: Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев поврзана со новите случување со корона вирусот

Geplaatst door СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија op Maandag 16 maart 2020

„Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена. Условите не дозволуваат нормално спроведување на изборите. Сега се треба да биде во заштита на граѓаните. Јас во името на СДСМ ќе побарам да се организира лидерска средба на претседателите на политички партии на која ќе се разговара за одложување на изборите. Сега не е време за политички противници и најважно е процентот на заболени да биде што помал и на излекувани да биде целосен. Време е граѓаните да бидат обединети“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на својот фејсбук профил напиша дека нема ниту една разумна и човечка, рационална, и прагматична причина изборите да не се одложат.

Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е…

Geplaatst door Hristijan Mickoski op Maandag 16 maart 2020

„Денеска ќе повикам на состанок на лидерите на средба со претседателот Стево Пендаровски со точка на агендата, разговори за одложување на предвремените парламентарни избори со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Неопходно е да се однесуваме одговорно кон граѓаните и државата. Нема никаква логичка, човечка, рационална или прагматична причина тие да не бидат одложени затоа што за мене, и верувам за другите, борбата за моќ по цена на животот на граѓаните е неприфатлива “ – пишува Мицкоски на фејсбук.

Претседателот на Република Северна Македонија за попладнево свика состанок на Советот за безбедност.