(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: СЕДЕТЕ ДОМА, НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПРИЧИНА

2

Министерот за здравство Венко Филипче на првата денешна прес конференција ги повика граѓаните да не излегуваат од дома без причина и да не се создаваат непотребни метежи во населените места.

Тој рече дека до овој момент нема нови заразени со коронавирусот, но седуммина се тестираат. Првата пациентка заболена од вирусот денеска е пуиштена на домашно лекување.

„ Се проширува бројката на луѓе што ќе се тестираат. Очекуваме утре бројката на луѓето што треба да се тестираат да достигне и до 80“, рече Филипче.

Погледнете ја целата прес конференција: