(ВИДЕО) Од небото паѓаа мртви тела на сите страни- ова е нај апокалиптичната авионска несреќа во Југославија откако се судрија два авиона

Батали Blog

(ВИДЕО) Од небото паѓаа мртви тела на сите страни- ова е нај апокалиптичната авионска несреќа во Југославија откако се судрија два авиона

Во најголемата воздухопловна несреќа во Југославија, поточно во Хрватска во 1976 година загинаа 176 луѓе, а ниту еден не остана жив.

Имено на вчерашен ден (11.09.1976) се судрија авион на Бритиш Ервејс и југословенскиот авион ДЦ-9.

Глетката била апокалиптична раскажуваат сведоците, а делови од авионите гореле уше додека паѓале кон земјата.

Од небото паѓаа тела и куфери, се потсетуваат сведоците за хрватскиот портал 24 часа.

-Бев во домот кога нешто почна да паѓа по кровот. Излегов да видам што е, видов лименки од пиво, а потоа и куфери на секаде во дворот. Во еден момент падна и тело на маж без раце и нозе, а малку подолу падна и тело на девојче од 5,6 години, се потсетува Ивка Фабијанац од селото Гаја.

Најголемата несреќа во Хрватска инаку се случила на денеш ден 10 септември 1976-та година во 11:15 часот на 10 илјади метри над земјата и на само 40 километри од Загреб.

Се судриле авион на Бритиш Ервејс кој летал од Лондон кон Истанбул и Доглас ДЦ-9 во сопственост на југословенската компанија Инех Адриа кој летал од Сплит кон Бон.

Првиот авион пренесувал 54 патника и девет членови на екипажот, а другиот 108 патника и пет членови на екипажот.

Луѓето кои работеле на полињата тој ден биле сведоци на ужасната трагедија и веднаш се обиделе да ги спасат патниците, но безуспешно извлекувале само мртви тела од авионите.

За несреќата била виновна контролата за летање во Загреб како и контролорот на летање кој работел три дена без престан во смени од по 12 часа.

Авионите биле целосно исправни при несреќата, а експертите утврдиле дека несреќата би се избегнала само за три стотинки од секундата.

Можеби ќе ве интересира:

By signing in, you agree to our terms and conditions and our privacy policy.

New membership are not allowed.

Noxe Studio

The Noxe Film Studio
1418 Noxe Street, Suite 3845
California, USA

Center Office

+(01) 426-9824
hello@gloriathemes.com
12369, New York, USA