Шест месеци условна казна затвор за Чадиев и Колев

2
sudenje-Cadiev-i-Kolev-1

Шест месеци затвор доколку во рок од две години го повторат делото. Ова е пресудата за поранешниот градоначалник Славчо Чадиев и екс претседателот на Советот на општината Александар Колев, која ја донесе судијата од велешкиот суд Шефшет Адеми.

Чадиев и Колев мораат да ја надоместа штетата од 170 илјади денари на општина Велес.

sudija Sefset Ademi

Двајцата беа обвинети за злоупотреба на службената положба. Според обвинението, Чадиев како градоначалник, на претседателот Колев му дозволил да управува со општинско возило и да точи гориво со буџетски пари, спротивно на правилникот на општината и со тоа општинската каса ја оштетиле за 170 илјади денари.

Славчо Чадиев беше градоначалник на Веелес во периодот од 2013 до 2017 година, а во исто време Колев ја извршуваше функцијата претседател на Советот на општината.