вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Поради падната карпа железничкиот сообраќај Скопје – Битола е во прекин

Падната карпа на делницата помеѓу село Мартолци и село Стари град е причината поради кој железничкиот сообраќај Скопје-Битола е во прекин.

Екипи на ЈП Железници се на терен и работат на санирање на штетата.

Од таму известуваат дека застојот ќе трае неколку дена, а дотогаш железничкиот сообраќај на линијата Скопје – Битола ќе се одвива само до Велес.

Повеќе фотографии можете да видите на нашата Facebook Fan Page

Mon Жан - Играчки