Велешани и понатаму недисциплинирани во носењето заштитни маски

10

Полицијата вчера казни 37 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 12 казни, а во Неготино 6 граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.

„Во период 15./16.09.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита  казнети  сe 55 лица, и тоа, 37 во Велес, 12 во Кавадарци и  шест во Неготино“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.

Можеби ќе ве интересира: