ПЕНДАРОВСКИ: НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРОГЛАСУВАЊЕ ВОНРЕДНА ИЛИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

2

Претседателот на Република С. Македонија Стево Пендаровски изјави дека, во овој момент, нема потреба да се прогласи вонредна или кризна состојба на територијата на цела држава. Претседателот ја даде изјавата по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.

sTEVO 1

„Ако има потреба, но засега нема потреба, може да ѝ препорачаме на Владата да прогласи кризна состојба и во други општини, не само во овие две (Дебар и Центар Жупа, н.з.). Кризна состојба имаме 4 години на границите поради друга состојба (мигранти, н.з.). Да не избрзуваме со вонредна состојба или со кризна состојба на целата држава. Нема потреба од прогласување вонредна состојба или кризна состојба на територија на целата држава. Кризата ќе трае, нема да замине за недела-две. Ресурсите, кои не ни се издашни, треба да ги користиме рационално“, изјави Пендаровски.