МВР: За еден час изречени 50 казни за непочитување на сообраќајните правила

13
policija-mk (1)

Околу педесет несовесни возачи казни полицијата во Штип, во акцијата на МВР за непочитување на сообраќајните прекршоци која освен во главниот град се одвива и во другите градови, соопшти Тони Ангеловски, портпаролот на МВР на денешната прес конференција во Штип.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Ангеловски апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Штип изречени се педесетина санкции, пред се за пречекорена брзина, нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола“, рече Ангеловски.

Тој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска на јавноста ке и бидат презентирано во текот на утрешниот ден.

Можеби ќе ве интересира: