КОЈ Е ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ?

2

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче од Скопје роден 1977 год, дипломирал на Медицинскиот факултет во 2001 година. Специјализација по неврохирургија започнал во 2003 години а ја завршил во 2008 година.

Избран е за асистент на Медицинскиот факултет во 2004 година, магистрирал во 2011 а потоа и докторирал во 2015. Во 2017 година е избран за доцент на Медицинскиот факултет

Министерот Филипче се усовршувал во неврохирушките центри во Грац, Белград, Истанбул, Колумбус, Дејтон. Бил покануван за предавач на конгреси, организирани од различни асоцијации од областа на медицината и од неврохирургијата во Европа и во светот.

Неговиот татко Илија Филипче, исто така беше министер за здраство во периодот од 20 декември 1994 до 29 мај 1997. Венко Филипче е оженет и е татко на едно дете.