Откриени нови два случаи на коронавирус во Велес

59
Covid Macedonia 2

Двјаца велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Тие се дел од 141 нов случај на заразени, регистрирани во претходното деноноќие. Во истиот период, еден 79-годишен пацинет од Скопје ја загуби битката со ковид-19, а регистрирани се 94 оздравени.

Новите 141 случаи се откриени, откако се направени 1559 тестирања, а најмногу заразени има во Скопје 51. Во Куманово има 12, во Струмица 10, во Свети Николе осум во Штип и Прилеп по шест, во Битола, Кавадарци, Гевгелија и Кочани по пет, во Охрид, Валандово и Виница по три, во Тетово, Струга, Велес, Гостивар, Кичево, Ресен, Крива Паланка, Неготино и Делчево по два и во Пробиштип еден случај.

Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17483, бројката на оздравени пациенти е 14516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2245.

Можеби ќе ве интересира: