ЕВРО 2020 Е ОФИЦИЈАЛНО ОДЛОЖЕНО. ЕВЕ КОГА ЌЕ СЕ ОДИГРА

1

УЕФА на последниот состанок со сите членки одлучи дека нема да има прогласување на предвремени шампиони, туку првенствата во Европа ќе мора да се доиграат.

Одлучено е сите европски натпреварувања да мора да завршат до 30 јуни, поточно по финалето од Лигата на шампионите, кое најверојатно ќе се игра на 27 јуни.

Коронавирусот кој се шири во светот го одложи ЕП 2020 за во 2021 година, а исто така ја помести и Копа Америка, за една година подоцна.

Според официјалното соопштение, турнирот, кој требаше да се одржи од 12 јуни до 12 јули летово, сега е преместен од 11 јуни до 11 јули следната година, 2021 година.