УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР ОД ЈУВЕНТУС Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

2

Италијанскиот првак Јувентус објави дека уште еден нивни играч е заразен од коронавирусот.

Matuidi

Станува збор за Блез Матуиди, Французин кој е дома во самоизолација, но со лесна клиничка слика, објави Јувентус на официјалната веб страна.
Матуиди е вториот играч на „Старата дама“ што е заразен со вирусот, а пред него се зарази со Даниеле Ругани, кој беше првиот играч позитивен на коронавирус во италијанската Серија А.