ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ТЕРИТОРИЈА НА ЦЕЛА ДРЖАВА ПОБАРА ВЛАДАТА

1

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на прес-конференција порача дека владата предлага воведување вонредна состојба на целата територија на земјата. Рече дека се работи за вонредна ситуација и дека веќе нема што да се чека.

„Прогласување на вонредна состојба не значи ограничување на слободното движење на граѓаните, туку поголеми овластувања на државата за справување со пандемијата со вирусот корона, на Владата ќе ѝ даде поефикасни средства за спас на економијата и борба со заразата“, вели Спасовски, кој рече дека за Владата ова била најтешка одлука, која за првпат се бара да се прогласи во нашата држава.

Тој упати апел да не се крева паника кај народот, дека има храна и да не се прават залихи.

Спасовски повтори дека владата донела мерки соодветни за состојбата и дека мора да се почитуваат.