ГРАЃАНИТЕ НЕ ЈА СФАЌААТ СЕРИОЗНОСТА НА ВИРУСОТ

1

Граѓаните кои се ставени во изолација, откако се вратиле од патување во странство, изгледа не ја сфатиле сериозно ситуацијата.

Во последните 24 часа сведоци сме на многубројни прекршување на наредбата за самизолација. МВР извести дека двајца граѓани од Гевгелија кои се вратиле од Геманија не ги почитувале нардбите.

„Граѓаните на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Германија, земја со висок ризик на зараза, на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус. Во периодот од 14.03.2020 до 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово“

policija

Истовремено, МВР му поднесе кривична пријава на 53-годишно лице од Пласница кое на 16.03.2020 година влегло на Табановце, а изјавило дека престојувало во Словенија. Иако своерачно лицето потпишало дека 14 дена ќе биде во задолжителна самоизолација, по 2 дена полицијата го открила во автомобил „фиат пунто“ на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод.

Истотака, мајка и ќерка на 27 и 28 февруари во Струмица, во повеќе наврати, не постапиле според посебните мерки за заштита што им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија.

Во текот на овие два дена тие во одделни случаи се симнале од станот во кој биле изолирани, при што биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките.