четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Научници од Австралија велат дека идентификувале како имунитетот на организмот се бори против вирусот „КОВИД-19“.

Нивното истражување, објавено во списанието „Nature Medicine“ во вторникот, покажува дека луѓето се опоравуваат од новиот вирус, како што би правеле од сезонскиот/обичниот грип.

Утврдувањето на кои од имуните клетки се појавуваат, исто така, треба да помогне во развојот на вакцините, велат експертите. На глобално ниво, властите веќе потврдија повеќе од 160,000 случаи на коронавирус и околу 6.500 смртни случаи, досега.

„Ова откритие е важно затоа што е првпат кога навистина разбираме како нашиот имунолошки систем се бори против новите коронавируси“, рече коавторот на студијата, проф Катерина Кеџиерска. Истражувањето на Институтот за инфекции и имунитет Питер Доерти во Мелбурн е пофалено од други експерти.

Што е всушност откриено?

Многу луѓе се опоравиле од „Ковид-19“, што е веќе познато е тоа дека имунолошкиот систем може успешно да се бори против вирусот. Но, за прв пат, истражувањето идентификуваше четири типа на имунолошки клетки кои се претставија како клучни во борбата против Ковид-19.

Тие биле забележани со следење на пациент-ка која имала благ до умерен случај на вирусот Ковид-19 и немала претходни здравствени проблеми. 47-годишната жена од Вухан, Кина, се претставила во болница во Австралија. Таа се опорави во рок од 14 дена.

Проф. Кеџиерска за Би-Би-Си изјави дека нејзиниот тим го испитал „целиот мунолошкиот одговор“ кај овој пациент. Три дена пред жената да започне да се подобрува, специфични клетки беа забележани во нејзиниот крвоток. Кај пациенти со грип, истите овие клетки се појавуваат пред закрепнување, рече проф Кеџиерска.

„Бевме многу возбудени за нашите резултати – и фактот дека ние всушност би можеле да го фатиме појавувањето на имуните клетки кај заразениот пациент пред клиничко подобрување“, изјави таа за Би-Би-Си. Повеќе од десетина научници работеа четири недели за да го пронајдат ова, додаде таа.

Како помага ова?

Идентификувањето кога имуните клетки ќе проработат може да помогне во „предвидување на текот на вирусот“, рече професор Брус Томпсон, декан на здравствени науки на Универзитетот за технологија Свинбурн.

„Кога знаете кога се случуваат различните одговори, можете да предвидите каде сте во закрепнувањето на вирусот“, изјави проф Томпсон за Би-Би-Си. Министерот за здравство во Австралија, Грег Хант, рече дека откритието може да помогне во „брза проверка“ на вакцината и потенцијалните третмани за заразените пациенти.

Професорот Кеџиерска рече дека следниот чекор за научниците е да утврдат зошто имунолошкиот одговор е послаб во потешките случаи. „Сега е навистина клучно да се разбере што недостасува или е различно кај пациенти кои починале или кои имаат навистина тешка болест – за да можеме да разбереме како да ги заштитиме“, рече таа.

Во јануари, институтот стана првиот во светот што го рекреираше вирусот надвор од Кина. Центарот оттогаш доби дополнително финансирање од австралиската влада, како и донации од бизниси и кинескиот милијардер Џек Ма.

Извор BBC

Mon Жан - Играчки