Белградскиот аеродром затворен за комерцијални летови

1

Белградскиот аеродромот „Никола Тесла“ е привремено затворен за сите комерцијални летови започнувајќи од денес, соопшти српската влада, најавувајќи дека мерката ќе продолжи се додека заврши вонредна состојба поради коронавирусот.

Аеродромот нема да биде затворен, но како резултат на одлука на владата, од денеска ќе бидат суспендирани сите комерцијални летови, полетувања и слетувања.

Согласно таа одлука, сите копнени гранични премин ќе бидат затворени, но аеродромот останува отворен за сите хуманитарни летови и товарен сообраќај.

Одлуката на српската влада во средата го затвори и аеродромот Константин Велики во Ниш, што го користат главно нискобуџетни авиокомпании.

Првиот случај на коронавирус во Србија беше потврден на 6 март, беше прогласена вонредна состојба на 15 март, а вкупно 97 заразени се регистрирани до денес во осум часот.