Нови шест заразени од коронавирус во македонија

2

Министерот за здравство Венко Филипче на својата фејсбук страна објави дека се откриени шест нови случаи на заразени од коронавирус.

Станува збор за четиригодишно девојче од Штип, кое се вратило од Англија. Нови три случаи се регистрирани во Дебар.

Едно лице од Скопје, кое најверојатно имало контакт со веќе инфицираните и едно лице од Гостивар се, исто така, меѓу заразените.

Жената од Гостивар се вратила од Швајцарија и најверојатно таму имала контакт со заразен со коронавирус.

До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.Се работи за едно девојче од Штип на…

Geplaatst door Венко Филипче op Donderdag 19 maart 2020