Турција ги прекина фудбалското и кошаркарското првенство

1

Лидерите на турската Супер лига и официјално решија да го прекинат фудбалскиот шампионат , поради пандемија на коронавирусот. Истата одлука е донесена и за натпреварите во кошарка.
Покрај елитниот ранг, натпревари ќе нема и во пониските рангови.

Турција е една од ретките земји каде што претходните викенди имаше спортски активности и сите натпревари се играа без публика.

Сепак, сега е решено да се усогласат со други земји, па натпреварите се откажани.

Коронавирусот се шири од ден на ден во Турција. Досега се пријавени 191 случаи и животот го загубиле две лица.