Уште еден српски фудбалер ги прекршил мерките за самоизолација

1

Откако ѕвездата на Реал Мадрид Лука Јовиќ го прекрши клубското правило и се врати во својата татковина , уште еден фудбалер ја шокираше Србија со своето однесување среде пандемија на коронавирус.

Никола Нинковиќ (25), поранешен фудбалер на Партизан, кој изминативе четири години игра во Италија, ги игнорираше молбите на српските власти до граѓаните на таа земја во земји кои се најпогодени од коронавирусот да не доаѓаат во Србија, со цел да спречат понатаму да се шири вирусот.

Ninkovic

Нинковиќ го направи токму спротивното од барањето на неговата татковина.Тој со приватен авион слетал во Белград од Асколи во регионот Марче, каде вчера починаа 23 лица, а вкупно 114 лица починаа од почетокот на пандемијата. Нинковиќ го прекршил српскиот закон на задолжителна изолација.

По пристигнувањето во Србија во која поради пандемијата со коронавирусот важи вонредна состојба, Нинковиќ наместо во двонеделна самоизолација заминал да се забавува по ноќните локали во Белград.

Поради ова, тој, како и Јовиќ, добија кривична пријава.