Вработените во Дрекслмаер на принуден одмор

1

Околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник нема да одат на работа. Компанијата ги испраќа на одмор. Од следната седмица Дрекслмаер ќе работи со значително намален капацитет, речиси на технички минимум. Сето ова, согласно препораките за заштита од коронавирус и актуелната состојба во автомобилската индустрија.

Работниците колективно ќе користат дел од платениот годишен одмор. Платеното отсуство ќе биде две седмици. После тоа, согласно со нарачките за работа и целата ситуација со коронавирусот, ќе се донесе соодветна одлука, нагласуваат од германската фабрика во која работат работници од повеќе општини.