Филипче: Ова се хероите од Институтот за јавно здравје

2

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил јавно ги пофали вработените од Институтот за јавно здравје.

„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период, порача министерот Филипче.