Велешанец ја претепал својата невенчана сопруга

0
12
semejno nasilstvo

Велешанец на 42-годишна возраст завчера вечес ја претепал својата 17 години помлада невенчана сопруга. Инцидентот се случил во куќата каде што двајцата невенчани сопружници живееле, а претепаната девојка случајот во полиција го пријавила ден подоцна.

„На 30.11.2020 год. во 19.50 часот во СВР Велес К.П.(25) од Велес пријавила дека, на 29.11.2020 год. околу 18.30 часот во нивната семејна куќа била физички нападната од најзиниот невенчан сопруг Д.А.(42), при што, и се нанесени видливи телесни повреди“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: