Борец ја пречекува Струга во обид да ја прекине серија од два порази по ред

0
13
borec - struga

Фудбалерите на Борец се во резултатска криза, откако во две кола по ред забележаа два порази, од кои еден на домашен терен од Вардар и еден во гости од Ренова. Кризата е резултатска, бидејќи и во двата меча Борец одигра добро, создаваше шанси, кои не ги реализираше, а примаше голови во последните моменти од натпреварите.

Така беше на натпреварот со Вардар во Велес, во кој Борец беше многу подобар противник, создаде многу повеќе шанси, но се бројат головите, кои скопјани ги постигнаа поради подобрата игра во последните 10 минути. Болен пораз велешани претрпеја против Ренова во неделата, кога и покрај тоа што последните 30 минути ги играа со играч повеќе, дозволија да примат гол во 91 минута.

Можност за поправен Борец има веќе в среда (02.12.), кога на Градскиот „стадион „Зоран Паунов“ гостува екипата на Струга Трим Лум, која сезонава има одлични резултати и пред две кола го презеде четвртото место на табелата токму од Борец. Затоа, покрај дербито на врвот помеѓу Шкендија и Македонија Ѓ.П. и наптреварот во Велес го добива епитетот на дерби на колото.

Со евентуална победа, велешани повторно ќе ја поминат Струга Трим Лум и ќе се вратат на четвртото место. Секој друг резултат за Борец може да значи пад од едно или две места подолу на прволигашката табела и приближување кон опасната зона. За разлика од Борец, Струга Трим Лум е во серија од пет наптревари без пораз, во кои забележаа две победи и три ремија.

gorazd mihajlov
Горазд Михаилов – тренер на Борец

За сите овие факти е свесен и тренерот на Борец Горазд Михаилов, кој признава дека неговата екипа е во резултатска криза.

„Во среда не очекува меч против противник кој нема пораз во последните неколку дуели и екипа која игра цврст, агресивен фудбал. Респект за Струга Трим Лум, но ние мора да влеземе максимално и да ги освоиме трите бода, кои се секако потребни за понатамошниот дел и зачувување на чекорот со водечките три екипи. Резултатска криза мора да признаеме дека има. И покрај добрите игри во последните два натпревара, резултатот беше негативен. Играчите морат да сфатат дека резултатот е оној што се памти на крајот и силно верувам дека во овој пеколен финиш од есенскиот дел, ќе успееме да се консолидираме и го фатиме позитивниот ритам“, смета Михаилов.

Stojan Stojcevski, najava za Rabotnicki - Sileks - YouTube

Столбот на одбраната на Борец Столе Стојчевски очекува тежок меч, но ветува голема борба за бодовите да останат во Велес.

„Иако загубивме два натпревари по ред и сме во мала резултатска криза, за наптреварот со Струга Трим Лум се подготвуваме максимално. Не очекува тврд натпревар со доста зрела и тактички подготвена екипа. Имаме план и подготвени сме со голема желба и борба за трите бода да останат во Велес и да се приклучиме кон врвот на табелата“, рече Столе Стојчевски, стоперот на Борец.

Во таборот на велешани единствено Ѓорѓи Ѓорѓиев не е во комбинација за составот, бидејќи се уште не ја залечил повредата, поради која не настапи и на средбата со Ренова. Дуелот Борец – Струга Трим Лум се игра во среда на Градскиот стадион „Зоран Паунов“, со почеток од 13 часот. Директниот пренос можете да го следите на www.ffmtv.mk.

Можеби ќе ве интересира: