Почина 71-годишен велешанец, повторно зголемен бројот на хоспитализирани во велешката болница

0
9
Veleska bolnica 997x485

Велешанец на 71-годишна возраст почина ноќеска пред полноќ на инфективното одделение во велешката болница. Тој бил непотврден на ковид-19, но во тешка општа состојба и со ниска сатурација на кислород, бил примен во болница ден пред смртта.

Во меѓувреме, по четири дена намалување, денеска е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница. Таму од ковид-19 се лекуваат 68 пациенти, или шест повеќе од вчера. Од нив, 56 имаат потврден позитивен тест на коронавирус, седуммина се сомнителни, а петмина имаат негативни тестови. Со потешки симптоми се 25 пациенти, кои примаат кислородна поддршка.

На инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, на одделението за физикална терапија има девет пациенти, а на интерното одделение се лекуваат петмина.

Од почетокот на пандемијата 1992 велешани се заразија со вирусот, од кои 1233 се излекувани, а 692 се се уште активни случаи. Досега починаа 67 велешани.

Можеби ќе ве интересира: