Нови 36 заразени во Велес, во земјава 1069 за едно деноноќие

0
6
Bolnica Veles vecer

Нови 36 заразени велешени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. За разлика од нив, оздравени се 51 велешанец. Министерството за здравство дека во Велес има 678 активни случаи на ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти.

Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965.

Можеби ќе ве интересира: