(ВИДЕО) Арилон: Заев тргува со народот, јазикот и историјата

0
12
vmro arilon

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велес го обвини премиерот Зоран Заев дека се уште молчи за, како што велат, тајните преговори во Софија, кои ги обелоденила опозицијата, на кои, како што истакнуваат, на шверцерски начин сака на и онака штетниот договор од 2017-та, да накалеми ново раскрчмување на националните интереси.

„Самиот премиер во заминување, Зоран Заев, сето ова го навести во скандалозното интервју, а сега со молкот и сето тоа се потврдува. Никој му нема дадено право на Заев да тргува со народот, јазикот и историјата, бидејќи тие припаѓаат на сите минати, сегашни и идни генерации Македонци и останати граѓани на Македонија. Заев изгледа заборавил дека не е веќе на тезга па да распродава се што е пред него. Ова е Македонија, суверена и независна држава. Народот остро се спротивставува и уште поостро ќе одговори на ваквите штетни и анационални политики на премиерот во заминување“, рече Филип Арилон, портпаролот на ОК на ВМРО ДМПНЕ Велес.

Тој го повика граѓаните на протест, кој ќе се одржи денеска во Велес, со почеток од 18 часот, кога е планирано конвојот со возила да тргне од Спомен Костурницата, а ќе заврши до споменикот на Коста Солев Рацин во центарот на градот.

Можеби ќе ве интересира: