Борец Баскет со победа се враќа од Куманово

0
17
borec basket - basket kam

Кошаркарите на Борец Баскет им се вратија на победите, откако вечерва, во рамките на 6. коло од Втората лига – исток, ја совладаа екипата на Куманово 2 на гости со 85:81 и се зацврстија на второто место на табелата.

Велешани предноста ја одржувааа во текот на сите 40 минути, но одличниот шут од далечина ги одржуваше домаќините во игра. Погодија дури 14 тројки, но велешани имаа противодговор од сите позиции на теренот.

Вистинска драма се случуваше во последната минута од средбата, кога на еден поен предност и 33 секунди до крај, Стојменов погоди тројка, но домашните брзо одговорија со два поени. Во последниот напад беше досуден пркршот над Котевски, кој ги реализираше двете слободни фрлања за конечни 81:85.

Најефикасен кај велешани беше Брчков, кој се врати по повредата и постигна 24 коша, Котевски додаде 18, Стојменов и Виларов постигнаа по 10 поени, Ивковиќ и Карталовиќ по 9 и Темелковски 5. Кошаркарите викендов ги очекува возбудливо и важно дерби, против екипата на Феникс 2010, која е еден од претендентите за едно од првите четири места на табелата.

Можеби ќе бе интересира: