Утрово почина уште еден велешанец од коронавирус

0
7
infektivno veles

Велешанец на 72-годишна возраст, позитивен на коронавирус, почина утрово во велешката болница. Претходно, тој четири дена бил хоспитализиран во болницата. Тој е 70-тиот починат велешанец како последица од компликации со коронавирусо од почетокот на пандемијата.

Од велешката болница велат дека денеска таму од ковид-19 се лекуваат 60 пациенти, од кои 49 имаат потврден позитивен тест на вирусот, седуммина се сомнителни случаи, а четворица имаат негативни тестови, но имаат потреба од хоспитализација. Вкупно 21 пациент добиваат кислородна поддршка.

На инфективното одделение се лекуваат 51 пациент, на одделението за физикална терапија денеска има пет пациетни, а на нтерното одделение се хоспитализирани четворица пациенти.

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 2117 велешани, оздравени се 1323, а активни случаи се 725.

Можеби ќе ве интересира: