За малку избегната трагедија, татко ја спасил ќерката од зетот кој сакал да ја убие со нож

0
15
Policiska-lenta

Драма се случувало вчера во неготинското село Пепелиште откако маж со нож се обидел да си ја убие својата сопруга.

Според информациите на ОЈО Кавадарци, 43-годишен маж во текот на вчерашниот ден околу 5 часот утрината, во расправија, со нож повеќепати ја нападнал својата сопруга во пределот на главата со намера да ја убие.

За голема среќа, обидот за убиство го спречил таткото на сопругата по што осомничениот избегал.

На осомничениот му е одреден притвот во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира: