Бројот на новозаразени во земјава падна под илјада, во Велес повеќе оздравени од заразени

0
12
Covid Macedonia 2

Нови 984 случаи со ковид-19 се регистрирани во полседните 24 часа. Од нив, 32 се во Велес, каде што има 38 оздравени пациенти, но и еден починат 77-годишен маж, хоспитализиран пред 10 дена и позитивен на ковид-19.

Во велешката болница вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 67. Од нив, 54 имаат потврдени позитивни тестови, 10 се сомнителни случаи, а тројца имаат негативни тестови. Вкупно 28 пациенти се на кислородна поддршка. Од болницата информираат дека тројца пациенти со два последователни негативни теста се испишани од болницата како оздравени.

На инфективно одделение се хоспитализирани 50 пациенти, на одделението за физикална терапија има осум, а на интерното одделение девет пациенти.

Во последните 24 часа во земјава се направени 2995 тестирања, а се регистрирани 984 нови случаи и тоа во Скопје 398, Куманово 47, Дебар 11, Штип 46, Прилеп 59, Тетово 44, Струга 15, Велес 32, Битола 46, Охрид 28, Кавадарци 29, Гостивар 46, Гевгелија 22, Струмица 24, Крива Паланка 3, Радовиш 8, Крушево 1, Кочани 11, Пробиштип 4, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Пехчево 2, Берово 15, Валандово 2, Виница 1, Делчево 26, Кратово 4, Свети Николе 8, Кичево 22, Ресен 11, Неготино 15.

Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.

Можеби ќе ве интересира: