Силен земјотрес во Албанија

0
15

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија утрово, а земјотресот се почувствувал и во Црна Гора.

„Одделот за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше земјотрес со средна јачина на 6 декември 2020 година, во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 28 километри северно од Драч. Јачината на земјотресот беше 4,4 степени по Рихтер“, соопшти Сеизмолошкиот институт.

Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 16 километри.

Moжеби ќе ве интересира: