Се намалува бројот на новозаразени пациенти, во Велес повторно повеќе оздравени од заразени во изминатите 24 часа

0
18
Bolnica Veles vecer
Bolnica Veles vecer

Нови 659 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 33 се во Велес, каде што има и 41 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес нема починат пациент.

Во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје 248-Куманово 18-Дебар 1-Штип 8-Прилеп 33-Тетово 40-Струга 39-Велес 33-Битола 46-Охрид 47-Кавадарци 14-Гостивар 21-Гевгелија 1-Струмица 2-Крива Паланка 4-Радовиш 3-Кочани 14-Демир Хисар 3-Македонски Брод 1-Пехчево 1-Берово 11-Валандово 1-Виница 11-Делчево 5-Свети Николе 17-Кичево 4-Ресен 12-Неготино 21.

Починаа 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од:

Скопје 331-Куманово 140-Дебар 10-Штип 27-Прилеп 45-Тетово 11-Струга 28-Велес 41-Битола 28-Охрид 33-Гостивар 4-Гевгелија 3-Струмица 6-Крива Паланка 7-Радовиш 1-Кочани 8-Пробиштип 4-Демир Хисар 6-Македонски Брод 3-Валандово 1-Виница 4-Делчево 1-Свети Николе 16-Кичево 11-Ресен 5.

Од почетокот на епидмијата во земјава се направени вкупно 348.795 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани досега во Македонија изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398.

Можеби ќе ве интересира: