Нови бескаматни кредити од 31 милион евра за фирмите, трговците поединци, и занаетчиите

0
15
50 evra

Нови 31 милион евра бескаматни кредити преку Развојната банка. Повикот е објавен денеска, а аплицирањето ќе започне на 16-ти декември. Парите се наменети за микро и малите фирми, трговците поединци и занаетчиите, кои во изминатиот период имале пад на приходите од најмалку 20%.

Средствата може да се користат за финансирање на тековни потреби, за зголемување на ликвидноста, но и за воведување нови производи и услуги.

На јавниот повик може да аплицираат сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, чие работење е погодено од коронавирусот, а може да се измери преку падот на приходите.

„Во оваа трета кредитна линија, по барање на занаетчиските комори, првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите што имаат пад на своите приходи најмалку 20 % да може да поднесат кредитно барање за кредит со 0 % камата“, рече Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

 Тој посочи дека со оваа бескаматна кредитна линија за два ипол пати е зголемена поддршката за компаниите погодени од Ковид кризата.

„Првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите кои имаат пад на своите приходи од најмалку 20 проценти да можат да поднесат кредитно барање за добивање кредит со нула отсто камата. Со овој исчекор се потврдува искрената заложба на Владата да испорача реална поддршка на овие на кои им е најпотребна. Ова мерка е контиунитет на претходните две кредитни линии со кои беа обезбедени бескаматни кредитни линии во вредност од 13, 5 милиони евра за 1.376 компании за зачувување на близу 18 илјади работни места“, истакна Битиќи.

Можеби ќе ве интересира: